Ме гледаше во широко отворените очи со белки избраздени од стрнки на несоница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ти офна од болка што ти е слатка затоа што доаѓа од мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Можеби е така, како што меѓу животот и смртта има само едно влакно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега сфаќам дека ако навистина не сме блиски еден со друг, тогаш сигурно не сме далеку еден од друг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Да, сакаше да ми кажеш дека меѓу животот и смртта има само едно влакно, како ова од мустаќите (и ми скубна влакно од левиот мустак) или како она под мадињата (и ме удри со коленото меѓу ципите).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Офнав и се склопчив на креветот.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја отвораш устата со претсмртен грч и јас, познавајќи те добро, читајќи ти го погледот, чувствувајќи ти го срцето, разбрав дека сакаш да ми кажеш оти меѓу животот и смртта има само едно влакно.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Да, така се офка кога конечно ќе се сфати вистината дека меѓу животот и смртта има само едно влакно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Трагичното се состои во прилогот
што го пружаме лично и свесно
кон несреќата, наша и на другите
особено љубените
Господине, но
смртта има своја предисторија
и може да се посматра во развој:
рано во детството се огласува
во лажните утехи за починот на блиските
во ветувањето дека се отсутни само привремено
и дека ќе се вратат
- тогаш зборот враќање
ги почнува своите преобразби -
во криењето, небаре од урок
на ожолтениот портрет на покојникот
оти и памтењето е враќање
безгласно како самрак;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)