Или пак, ако сакаме посилна верзија од „ добар“, каква смисла има да се користи цел еден синџир од нејасни непотребни зборови како „одличен“, „прекрасен“ и сите други ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во таа смисла има многу недоразбирања не само помеѓу Хабермас и мене, туку и помеѓу многу германски читатели и мене, колку што можам да согледам.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ја следам вознемирената прецизност на твоите потези. Не оргазмичка пофалба на заклучоците, туку мека еротичност на прашањата.: Значењето смисла има ли?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Едноставно, еднаш работите си доаѓаат на свое место, па станувањето наутро почнува да има смисла, утрото добива своја смисла, па дури и смислата има смисла.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Скршениот човек“, брезничанецот Едо Бранов, како да беше дојден до клучното прашање: Каква смисла има животот ако воопшто ја има?
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зашто, каква смисла има таквиот гест, ако не да им ја приопштите на потенцијалните предмети на љубов вашата хомосексуалност?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па како може еден таков процес на социјализација на возрасните да објасни работи што многу јасно изгледа, барем гледано наназад, дека биле геј-културни практики предвреме прифатени уште рано во животот од страна на многубројни момчиња кои подоцна испаднале геј?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, каква смисла има да се зборува за култура без да се упатува на процесите на социјализација и артикулација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, попрво, како може да има култура на машката хомосексуалност ако нема докази или дури и можност за постоење на процес на примарна социјализација, на оној вид социјализација што се одвива во најраното детство?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Можеби предвоениот доктор во извесна смисла имаше и право: ако не си признаваше во себе дека тоа му е еден вид одмазда што го послушал да студира медицина, на Миха психијатријата сепак му беше на некој начин бегство од неа (небаре зазор од ѕвекот на коските кај анимираниот костур) или барем дистанцирање од нејзините основни и директни дисциплини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот и не е сосема сигурен дали Мојсеј кога се симнувал од Синај кој, се разбира, не му е ни до глуждови на врвот на светот, сал туку мрморел и се допрашувал: каква смисла има секое качување кога неизоставно завршува со слегување?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Така го зафаќаме пра-дуктусот на тие „прагестови“ на човештвото - во уметноста, литературата, музиката - егзистенцијално, како методика на една нова метафизика или, подобро и појасно: класиката сака „прикривањето“ на „изворите и пратемелите“ да ги направи видливи на „чистина“, а маниризмот сака закривеноста и скриеноста да преовладеат над јаснотијата, т.е. класиката сака да ја прикрие мистеријата во една разбирлива природа, а маниризмот настојува во тнр. идеја да доведе до дејствување на самата прикриеност како таква.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во една „метафизичка“ смисла имаме, значи, работа со две човечки ситуации.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)