А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Челебијата му стави до знаење на Гузепа да привардува на овој нов минер, а сметката ќе ја направи касиерот со помошта на крчмарот, фурнаџијата и другите „трговци".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)