сметка (имн.) - дека (сврз.)

Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во селото, додека лежев болен од тифус, таа за цело време додека сум бил во бессознание, не водејќи сметка дека и самата можела да се разболи, била крај мене.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не водеше сметка дека ноќта може да го фати предвреме и дека не си зел со себе ни барем мало ложниче од козина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дечињата, испрскани од водата, се разбегуваат на сите страни, а тој, не водејќи сметка дека зад него се само жени, почнува да пцуе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Колку луѓето да останат сами со себе, да избегат од очите на другиот, не водејќи сметка дека здивовите им се слушаат и преку три такви ѕида, а да не спомнуваме за гласното испуштање на ветрови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)