И зар не гледате дека таквите ретки ќошиња за криење се користат само за обични пригоди, и тоа само од обичните умови; бидејќи во сите случаи на криење, сместувањето на скриениот предмет – сместувањето на тој редок начин – уште од самиот почеток може да се претпостави, а и се претпоставува; и според тоа, неговото откривање воопшто не зависи од проникливоста, туку од грижливоста, стрпливоста и решеноста на тие што бараат; а кога станува збор за важен случај – во очите на полицајците, за огромна награда – спомнатите особини, колку што е познато, никогаш не недостасувале.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наредил генералот Кшемјењ, како член на военото раководство на територијата на идното сместување на грчките емигранти тековно да го информира, поднесувајќи му устни извештаи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А сместувањето на ваквите податоци на страниците на божјите книги имало за цел не само да ја потврди, туку и да ја гарантира, вистинитоста на записите.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)