Така Кант, на пример, објаснува во неговиот есеј Што е просветителство? дека човештвото не успеа да достигне зрелост сѐ до добата на просветителството, не затоа што на претходните генерации им недостасуваше интелигенција, туку затоа што тие не се осмелуваа да ја применат, не ја имаа храброста да ја користат нивната интелигенција без нечие друго водство.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оттаму и неговата изрека „Sapere aude! Имај смелост да дознаеш!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се разбира, модернистите беа исто така делумно наклонети кон класичната традиција, во кој гледаа сојузник во нивната борба против Средновековието.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А дека било вистина тоа на што се помислуваа тогаш Христијаните на Потковицата, дека некои од нивните му го „пресретнале“ патот на Хаџи Ташку, се дозна многу подоцна, во времето кога се востанови егзархијата па грчките попови повеќе немаа смелост да се мешаат во работите на Потковицата. И пак оттаму, од тевтерот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Престанав со плачењето, сите молчевме, секој гледаше пред себе со наведната глава, немавме смелост да се погледнеме во очи, никој немаше повеќе што да каже, сега сѐ беше кажано, сега сѐ беше готово.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тие ги испраќаа со жален поглед се’ додека не исчезнеа зад првиот завој, но немаа смелост да се испречат пред некој од нив за да го помолат шоферот да ги качи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Заминуваше, носејќи ја својата збигорена улетнатост во градите, сега веќе постојано свесен за сите оние стреловити препречувања на неговиот пат, во кој дивината сепак ниеднаш немаше смелост да му излезе пред погледот на чист дофат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шоферот! Тој немаше смелост... смелост да ме изгази!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
ИВАН: Не мислиш дека имале смелост да го пречекаат возот, да го сметнат од воз и...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)