- Кога го фативме, кога научи бугарски, - рече и при сеќавањето на анегдотата одекна општа смеа во орманот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
42. ОД ИСКРА ПЛАМЕН, ОД ПЛАМЕН ПЕПЕЛ - развиток буен од смеа во плачка, од страшен џин и пострашен кепец, од горски тигар - домашна мачка...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
На секое разминување умира и плачот и смеата во мене, не се смеам а ниту плачам, само полека вдишувам и издишувам, од мирисот на нашите цветови.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Откако им згасна гласот и смеата во дворот, им ослепе куќата, им згасна пламенот во кандилото, а со него дојде и слепилото.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тогаш настапуваше општа смеа во куќата на баба ми и дедо ми. И немаше крај на прашањата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И затоа нештата не се движеа нанапред, а јас и продавачот Чавка гракавме навредливо, упорно и гласно, сѐ додека не нè облеа краткотрајна смеа во која се наѕираа остатоци од некоја голема и одамна потрошена среќа...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Боли само последниот очник во сувата челуст на лавот а таа болка го спасила од смрт кловнот Рицман, иако, сеедно, тој умре со смртта на човечката смеа во циркуската арена, едноставно згасна како слаб трепетлив пламен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)