Ставив слушалки на уши, си ја пуштив мојата омилена касета и запловив во розови мечти за голема, сјајна иднина во Холивуд.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
МАТЕЈ: Зошто си тогаш овде? МИРА: Те сакам. (Матеј става слушалки на ушите. Пауза. Мира го гледа.) Храбриот нов свет.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Откако се отпоздрави по краткиот разговор, ја врати слушалката на своето место.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)