случајност (имн.) - е (гл.)

Бидејќи урбаниот простор е толку заситен со пораки од културата и доминантните идеологии, јас сакав да создадам еден друг простор“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но, денес кога наидов на текстот на Теди Москов, театарски режисер од бугарска провиниенција „Среќна случајност“, почнав и самиот да подавам интерес за тоа дали сентенцата на Фелини „Случајноста е другото име на Бога“ е она кон кое треба да се приклониме кога зборуваме за настаните во животната стварност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
142 Ако случајноста е она што ја прави историјата, тоа ја нагласува нужноста и можноста за создавање нови односи со сите наследени општествени норми, надвор од сообразноста и подрачјето на прифатени вредности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)