А тој — Јово со Цилета и со заштитата на знамето ќе остане на своето место, „Касаматова Тумба", и во случај таа да остане надвор од обрачот, што прирадно и беше, бидејќи беше одделена неколку стотини метра од Маргара, тој ќе даде оган в грб на аскерот и ќе го раскине обрачот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Добро им дојдоа бомбите и патроните што ги донесе Ѓорче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од мене се очекува да запишувам сѐ за да се види влијанието на дрогата, нешто како тек на свеста, што не е тешко, но уживањето дроги не носи нарација, а во овој случај таа е потребна за да го задржи вниманието на читателот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ова е резултат на постојаното обновување и развивање на клетките под дејството на хероинот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Борбата за југословенска Македонија беше промовирана во оваа војна од антифашистичките сили како спротивност на бугарска Македонија поддржувана од Оската или за целосно "независна" Македонија заговарана од Ванчо Михајлов, кој беше држан од Хитлер во резерва и со кого ѝ се закануваше на Бугарската влада со губење на Македонија во случај таа да не ги исполнува барањата на Оската. 3.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Народноослободителното движење на Југославија како најсилна балканска сила што ги обедини сите народи во борбата против силите на Оската се чини дека беше најголемата сила која даваше гаранција за реализирање на долго очекуваното обединување и автономија на македонскиот народ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во секој случај таа никогаш отворено и со конкретни зборови немаше изразено незадоволство поради начинот на кој ја прифатила понудата од човекот на кого ни името не му го знаела.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и подоцна по сите оние сознанија со кои се имаше здобиено од животот таа се трудеше самата себе си да се увери дека се можело да тргне и по други патишта, но и тоа што се случило имало свое оправдување а и свои вредности, па нема потреба да се оцрнува и да се трупа кај грдите спомени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во најголем број случаи таа колективна трауматична историја практично е света, забранета дури и за внатрегрупова пародија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За секој случај таа акција беше дел од нашето осамостојување пред да тргнеме во темницата на годините што доаѓаа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во мојот случај таа е апостериорна! Можеби еден ден - Ве разбирам, ве разбирам, амбасадоре, ви посакувам убава мисија, но еден ден и да пишувате за Тунис. ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Понекогаш успеваше да ја набљудува како научникот својот предмет на проучување, та во таквите случаи таа го потсетуваше на глушец фатен во стапица со надеж да се ослободи или, уште подобро, на славеј во кафез којшто заборавил дека песната е единственото негово решение на животниот проблем во кој се нашол.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Второ, разочарува односот на државата кога е во прашање сво- еволието на некои газди, а во случајов таа незаинтересираност е уште поапсурдна и понесфатлива, имајќи предвид дека државата поседува 46% од акциите на Шеќерана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Напротив, од примерот на Ѓорѓиевски јасно може да се заклучи дека примарниот мотив на секој инвеститор е профитот, а не работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)