Во првиот случај имаме талентиран ум кој мудро се движи кон културна синтеза, а во другиот непромислено дете...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овде се зима царина за ракијата ако е повеќе од еден килограм, а такви случаи имаше многу.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
(...) Стерлинг беше презафатен со барање психијатар кој ќе го ослободи од војска.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тој беше не баш претерано редовен студент на англиска книжевност, но во секој случај имаше изглед на презафатен научник.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Интроспективното трошење пари се разликува од ’обичното’ само по тоа што оној кој троши во првиот случај има малку повеќе чувство на вина.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во секој случај имаше решено со следниот Едо Бранов авторот да не ги влечка своите читатели по внатрешноста на земјата како досега туку да се обиде информациите што ќе ги открие и откопа за следниот Едо Бранов да ги компонира во авторката прикаска.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во овој случај имаме една необична трансформација на мелодијата, но откако човек ќе преслуша повеќе вакви инвертирани теми, ќе почнат да му изгледаат сосема природно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ЉУБА: Такви случаи имаше милиони, но, навистина, најграциозен твој гест во овој жанр беше, кога ти ја искористи беспомошноста на непријателот, за да го треснеш по образот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
При тоа, со измените е про- пишано дека иницијатива за преглед на инвалидот на трудот во наве- дените случаи има и работодавецот (чл. 16).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Такви случаи има кај многучленото семејство, кај војската по касарните, кај учениците во училиштата, во интернатите и на другите места каде што се живее колективно.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)