„Е, сега, вака ќе направиш! Пошто сега е лето, дома е ем горештина, ем болвите се раслудувани, ти ќе спиеш на чардак, ама на слугите ќе им забраниш да се приближуваат до чардакот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)