слободица (имн.) - мил (прид.)

Слободица, слободица мила, како птица в лет!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еј, слободице мила!“ извикав и се протегнав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И маицата ја соблеков, ја префрлив преку една гранка, да не се извалка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си ги одврзав патиките и ги шутнав под клупата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Либерте! Слободица мила! Нема веќе: Марко, не играј топка!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„И тогаш, пак клучот на гуша и - слободица мила, ама слободица со ум“, тоа татко му на Љупчо дорече влегувајќи во собата.