слика (имн.) - во (предл.)

Судбината на невидениот јунак чие присуство го чувствуваме во текот на целата сторија, за посетителот станува недвосмислено јасна: детето и целото негово семјество се брутално однесени од домот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И така од „слика” во „слика” влегувате во еден ист простор кој доживува морбидна трансформација, сѐ до онаа слика во која стојат расфрлани работите на Даниел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зборовите бележат слики во кои читателот навлегува и учествува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На огледалцето одзади има слика во бледо розова светлина. - Тој? - праша сестра ѝ.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сликата на Пармиџанино секогаш одново го покажува точниот маниристички фенотип, иако поради својата „загадочност“ можела да дојде и од работилницата на Леонардо, тоа сепак е слика во која еден разблажен светоглед, доживеан во пренежната младост, се покажува во сета резигнација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неколку години подоцна во Берлин направив неколку големи цртежи и слики во пастел, иронично-лирски: Ева Браун и Адолф Хитлер.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа и се смислуваат машини за метафори. Physiologia дава три такви проекти: машина со огледала, машина за “произведување на фантастични слики во темна просторија” и машината “stupore” која токму ги произведува метафорите, а наедно е и машина за метаморфози.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сликата во поезијата Според Мандељштам некои поети имаат звучно доживување на светот, некои ликовно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И пак се расприкажав, а времето беше стигнато за џелат и судија; дојдоа тие, ја треснаа вратата на одајата и во следниот миг застанаа како од ровја трештени: пред нивните нозе, пред моето легло, стоеше составено скршеното огледало, со скаменетата последна слика во него, со ликата на прекрасната, преубавата ќерка на царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа донесе албуми со слики правени пред војните и слики во бои правени по војните и по востанието, така го нарече паѓањето на Енвер Хоџа, слики правени и тука во Врбник и таму во Америка со синот и снаата, со внуците и со блиските и подалечните роднини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зедов една од другите слики во станот и закачив на тоа место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сликата што ќе ја наречеме Аполон и Месечината-детелина ги антиципира романтизмот и надреализмот, то ест елегиската романтика на урнатините како пејсаж од соништа и преклопување на слики во сон, во надреалистичка смисла.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го нарекуваат сликар на “фантастични архитектури” и “катастрофи”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа е точно, но granum salis треба да биде поголемо од обично: колку и да возбудува, “катастрофиката” од тие слики во многу нешта се разликува од конкретните претстави за смак на светот кај Дирер, Леонардо итн.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да погледнеме неколку негови дела настаната меѓу 1620 и 1630-та, во времето на врвот на маниризмот како период помеѓу чинквеченто и барок.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Процесот на спојување на тие делчиња и формирање на колку што е можно попрецизни слики во науката се нарекува градење на модел.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа слика во нејзината глава беше пореална од реалноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во спротивно, нападите кои настануваат заради извртените слики во умот на Ана можат да предизвикаат уште поинтензивна агресивност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И песничката и неговата решеност спепелуваат кога погледот му паѓа на сликата во бронзената рамка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- На слици, ми вели капетан Мирковиќ, ако имаш слика во џебот, вели, и некоја скриена насмевка му ги поткрева мустаќите. Му ги подраширува образите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да се сетиме како децата со радост си играат со гласовно превртување на зборовите и како често работата на сонот се служи со превртување на неговиот претставувачки материјал. (Darstellungsmaterial) со најразлични цели. (Овде веќе не се превртуваат букви, туку слики во нивниот редослед.)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Тој им ги копаше очите на сликите во Одборот, еднаш кога не бев сенка. Повикав гостин.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Крај брегот на Сена, како еден од илјадниците сликари, сликал импресионистички слики според видените слики во Музејот на импресионизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сликите во квадратот на прозорецот замрсено се одразуваа во нејзината свест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сте читале ли некогаш природознание со слики во бои?“ „Какво природознание“ , им виснаа рамениците од обете страни на издолжените вратови. „Ние не сме растеле дури ни во ситносопственичка фамилија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Споменот е: виртуална слика едновремена на актуалниот објект, неговиот двојник, неговата „слика во огледало”.4
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И тој навистина ги виде, за еден миг, пред да се промени сликата во неговата свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Така, тој живееше речиси во катови, цел ден носејќи некакви неприсутни слики в глава додека ги гледаше присутните, и предвидувајќи ги новите со точност што зачудуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како слики во галерија, Бароузовите параграфи не треба да се сканираат по линеарен редослед.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сликите во мојата и во неговата глава очигледно многу се разликуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Да беше жив сликарот“, велеа луѓето, „ќе направеше слика во која ќе ја прикажеше белата смрт на селото“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ангели и црвени коњи едрат низ ноќното небо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се појавуваат флешови на Хитлер и Сталин, инсекти и носорози, The Wild Bunch i Midnight Ex- press експлодираат на прозорецот од мотелската соба додека двајцата водат љубов пред заложникот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ноември - Елеонор - Ворд ги претставува неговите слики во „Стејбл“ галеријата; изложбата предизвикува сензација. Почнува серијата несреќи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
NBK можеби нема многу што да каже за овие демони, но може да покаже многу, со слики во кои се измешани убавината и ужасот, ѕверствата и комедијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Летото - купува 16 мм. камера. Го прави својот прв филм „Тарзан и Џејн повторно родени... една верзија на нивната пропаст“ - оди во Лос Ангелес со Вин Чемберлен, Тејлор Мит и Жерар Маланга за втората изложба на Ферус галеријата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Октомври - зема учество во важната изложба на поп-арт, „Новите реалисти“, одржана во Сидни Џанис галеријата, Њујорк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Си ја ставив сликата во левиот џеб, веднаш до срцето, и си реков: засега е доволно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нивното чувство за боја е под влијание на треперливите призвуци на Пакистанските текстилни работници од соседството и пост-фовистичката облека на Rave-културата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да се испраќаат кодирани пораки до интернационалниот уметнички свет од потполно бизарно место како што е Spitafields, во 60-тите е порадикално и поиновативно отколку презентирањето на големи слики во Русија и Кина, земји кои ќе изложат било што ако им се понуди на вистински начин.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Костур ни трепери ко слика во омарнина, езерото ни пушта огледалца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)