„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
После, сите, од Македонците се готови да направат отстапки од своја страна за обединувањето во едно национално цело, но ни еден од следбениците на трите национални пропаганди нема да ја изневери својата пропаганда за да капитулира пред друга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секогаш жените, а пред сѐ младите жени, беа најфанатичните следбеници на Партијата, голтачи на слогани, шпиони - аматери и трагачи по неисправното.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во тој пасос бев рекла дека таквата десакрализација знае да настапи непредвидливо и молскавично и дека на следбениците на водачот дотогаш издигнат до степен на Божество, наеднаш ќе им потемни светлината на неговиот ореол и тие ќе останат бесни на себе што до вчера го обожувале.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како следбеник на идејата за полно одделување на нашите интереси од интересите на балканските народи и за самостојно културно-национално развивање, јас и ја напишав на централното македонско наречје, кое за мене отсега натаму има да биде литературен македонски јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Теоретичарите на феминизмот, тие би можеле да речат, го претворија „феминист“ во „само една категорија“; ниту пак тие можат да се надеваат да направат нешто повеќе, сѐ додека терминот не означува „следбеник на одредена револуционерна партија.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)