Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Понекогаш успеваше да ја набљудува како научникот својот предмет на проучување, та во таквите случаи таа го потсетуваше на глушец фатен во стапица со надеж да се ослободи или, уште подобро, на славеј во кафез којшто заборавил дека песната е единственото негово решение на животниот проблем во кој се нашол.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)