слабост (имн.) - и (сврз.)

Стисокот на ремените околу неговото тело повторно стана цврст, но болката беше исчезнала, а тресењето престана, оставајќи му обично чувство на слабост и на студ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, ќе дојдеме до вистината за себе и ќе ја видиме вистината за светот и вистинското сознание за темелот на суштествувањето со неутрализирање на сопствените слабости и слепи нагонски сили, егоистичките тежнеења, побудите, рѓата, безумноста, импулсите на гревот и заслепеноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Групираа и прередуваа комбинации на мајмуни по потреба: за храна, за откривање резерви со нови мајмуни, за слабостите и силните страни на поединците и колективите, а на крајот од секоја темелна пресметка, изгладнето напаѓаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Арсо полека тонеше и се губеше во слабост и некакво матно задоволство го обземаше за тоа што чезне и гасне во магловина...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затворот е за обични луѓе, со обични слабости и гревови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега сеќавајќи се за тие напорни моменти, Глигор сè почесто го управуваше погледот кон старецот, потонат во својата слабост и заспаност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стана, остро зачекори, загледан во светлата реска на прозорецот која избледуваше и тоа како да го дразнеше па со поголема жестина ја излеваше својата огорченост од човечката слабост и плашливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)