скут (имн.) - на (предл.)

На јуриш! Судбината ни е во скутот на бога скриена, иста и сретна!"
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
За твоето млеко се покажа достојно чедо, венчан од славата трајна, и никако не го посрамоти родот ти, Недо, в скут на победата сјајна .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Некои деца се држат за скутот на мајките, други изгледаат некако достоинствено, подготвени да се фатат во костец со она што уште не го разбираат, но кое лебди врз школскиот двор како фантом.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
- Миланче, - вика Боце, - ела избричи го човеков! Миланче ги остава полека земените фигури од скутот на клупа и влегува внатре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бокалот со вода потскокна, се навали и водата се истури во скутот на командирот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, дедо, за да не оди чупчето расплакано да спие, се враќаше до пред куќата на Нановци и јa завршуваше приказната: - И скришум поминав одоколу, одокопу, олоколу... - тој зборуваше сѐ потивко, додека Циљка не заспиваше во скутот на мајка си.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѝ ги собуја со сила цокулите од нозете со кои се обидуваше да ги рита и ја турнаа право во скутот на Винстон, чии бутни коски одвај го издржаа товарот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај критиките што ги трпеше тој, сепак, беше „врзан“ за скутот на својата мајка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јана од скутот на мајка си ги бришеше солзите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По некое време кучето скока од скутот на жената и стрчнува кај Богдана како да го познава и му скока во скутот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Белиот мачор сигурно го слушнал неговото викање, зашто се појави како од никаде и скокна на скутот на старецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Седиме така ние двајцата спроти шпоретот и мијалката во кујната, јас од едната страна на масичката покриена со мушама, таа со рацете на скутот на другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лежиме во скутот на Дух кој е посилен од нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Бабо мила, и ти си ја видела ѕвездата? - офна и сета омалена се згуши во скутот на баба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи во скутот на тој Непознат седеше Катерина а неговиот глас дури и овде во темнината како да ми приоѓаше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дончо никако да ги заборави деновите на доење кога се сместуваше во скутот на Чана и се насладуваше со нејзиното млеко, нешто што потраа речиси пет и повеќе години.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија има станато од своето место и клечи пред скутот на Перса, а солзите капат долу на килимчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој потстана, го зеде клопчето, повторно седна и, продолжувајќи да плете, продолжи и да зборува: „А вам и на вашата пријателка,“ рече, покажувајќи кон мене, „вам ви е лесно, вие си глумите полулудило, полунормалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клопчето волна се стркала од скутот на доктор Гете и падна на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали и таму помислите се престоруваат цртежи Препознатливи како и пораките На немата молитва на жената што коленичи Уверена дека светлината од иконата Ќе падне во скутот на нејзината осаменост?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мими се почувствува и навредена, и засрамена, и виновна, па се мушна во скутот на мама Злата и залипа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)