скокање (имн.) - од (предл.)

Скокањето од одарот на штиците ни малку не ѝ помогна, тоа дури не се ни приближуваше до напорите што ги имаше преку ден на работа, ја немаше Риса на Дине за да ја поучи, а ни Тина Гледачката, мајка ѝ на Ангелина, која кога не гаташе им помагаше на момите да не се срамуваат пред да удри тапанот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стварноста го врши својот притисок само преку потребите на секојдневниот живот - потребата да се јаде и да се пие, да се има засолниште и облека, да се одбегне проголтувањето отров, или скокањето од прозорецот на најгорниот кат и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Може да се скока и низ времето Ама тоа е сосема поинакво скокање Од скокањето низ меридијаните И за тоа си треба башка седнување и башка сонување Навистина понекогаш доаѓа до испреплетување На скокањето низ просторот и времето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)