скокање (имн.) - може (гл.)

Понекогаш доаѓа и до преплетување на цревата Ама тоа веќе одамна не се есапи за болест за умирачка Што значи сонувањето и скокањето можат да продолжат И тоа така да продолжат што јасно да се стави до знаење Дека просторите низ кои се скока немаат соседи Како што ни владетелите вклучувајќи ги и македонските владетели Ниту имале ниту ќе имаат пријатели И како што е историска и личен малер за секој маж Која и да е убава жена да му стане пријателка
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)