скалило (имн.) - на (предл.)

Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бевме повикани откако Стефан Лествичник, кој во очите на логотетот, по она лажно видение допрва требаше да се искачува по скалилата на славата и почеста, му беше раскажал на управникот дека отец Кирил фрла хула бесчесна врз зборовите и се свртува кон гласовите како кон идоли.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од самата помисла Едо како да го чу ропотењето на главата на претепаникот од скалило на скалило.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега се упатуваат кон нашата куќа и потоа по скалилата на тремот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Скалилата на водопадот Пред Еразмо и старецот прелета една шарена пеперутка.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)