скалило (имн.) - кој (зам.)

До катот каде што беа собите водеа дрвени скалила кои крцкаше кога се качувавме по нив, а на крајот, кога ќе се искачевме, пред да почне ходникот со вратите кон собите, имаше една многу стара машина за шиење, поставена како сувенир.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Витгенштајн ги споредува со скалила кои читателот мора да ги отфрли кога ќе се искачи по нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ја замолив да седне пред скалилата кои водеа кон чардаците и почнав да ја сликам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исто така се однесува и на обидот да се опишат условите на претставувањето, 58 Margina #15-16 [1995] | okno.mk така што самите ставови на Трактатот се бесмислени.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме качија по цементните скалила кои водеа кон горниот кат на куќата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ноќва, разбуден, не по паузата на вторите петли, туку уште пред првите, сфатив дека сум сонувал за една таква промена на судбината, за тоа дека животот е скалила кои се качуваат нагоре и кои слегуваат надолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)