Влегуваме во тесно патче кое завршува со гумно, околу кое во круг стојат наредени куќите на седуммина најродени браќа и на секоја има по една надградба и доградба со скали однадвор за да не се пресретнуваат снаата со јатрвата и со свекрвата, па, не дај Боже, да си ѕирнат во ѓубрето и така да дојдат дома и да кажат: „Оној брат ти, нема пари, а ваму лушпи од банани и портокали фрлаат, па и тетрапак од млеко!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тој ја памети Струмица кога гратчето се сведуваше на општинската зграда во центарот и двокатното полуруинирано хотелче, со стрмни скали однадвор, со заедничка чешма со студена вода покрај нужникот со дрвена врата што тешко се затвораше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во една стара ѕидана куќа на приземје и кат, со скали однадвор за качување на горниот кат како некоја битолска куќа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На горниот крај од урлишчето - кафенето и берберницата, а зад кафенето малечка куќа на кат со дрвени скали однадвор што водеа на катот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)