скала (имн.) - бев (гл.)

И тогаш Катерина застана среде светлината како да очекува мракот да ја завитка во изресеното темно платно што го држеа по краиштата со растреперени прсти најситните ќерки на ветерот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ми беше јасно ништо, само гледав како Бистра и Мони ме гледаат и слушав како сестра ѝ на Бистра заедно со Јасмина го сечат воздухот со лулашките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и претходно имав пробано да се качувам на мостот, па видов дека на првите неколку скали беше лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Спиралните мермерни скали беа чувани од озабени крилести демончиња извајани во мермер.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)