Беше сигурно дека Татко сакал да ги оживее, да ги растолкува знаците на овие сиџили во кои претпоставувал дека се крие кодот на идентитетот на неговата мајка, на нејзиното семејство коешто најмногу го одбележа неговиот живот, оној со средиште во цариградското време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Премногу се испреплетоа сиџилите во нашиот живот... Тешко е да излеземе од нив...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Откривањето на кадиските сиџили во Битола, речиси преку ноќ, ги зголеми амбициите и на младите и на постарите научни кадри во областа на историските, на правните, на економските, на филолошките и на други науки.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Ги печатите битолските кадиски сиџили во трет том, без да го наведете Татковото име, ниту како преведувач ниту како приредувач...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко тогаш ги откри битолските кадиски сиџили во вакафот крај една џамија и со наредба од највисоката власт беше назначен во Државниот архив на Народна Република Македонија, да ги толкува, подготвува сиџилите за објавување.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И, исцрпен и истоштен од битките што ги водеше во егзилскиот живот, тој ги затворил клучните сиџили во тајниот дел од својата библиотека.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А и откако ме исклучија од сиџилите во Државниот архив, кои ги открив и на кои им го жртвував животот, и шеќерот сѐ повеќе ми го згорчува животот, работите се јасни... – продолжи Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)