Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
7 Брчки - мравји траги на грижи преку невисокото чело; очи - претпазливи жужалци во темномодри глобови со тајни на дното, црвеникав сињак во едномесечната брада ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)