Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во текот на изминатите сто години Анри Поенкаре и неговите интелектуални ученици согледале дека доколку еден систем се состои од само неколку дела кои меѓу себе силно заемодејствуваат тој систем може да пројави непредвидливо поведение. Со тоа тие ја откриле теоријата за хаосот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Старите системи се распаѓале и се раѓале нови.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)