систем (имн.) - бев (гл.)

Системот беше заебан цели 70 години. Нивните татковци беа укотвени на сите добри позиции во системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Основните креатори на овие политички системи беа големите сили, кои во историскиот момент на нивното дејствување се сметале за „големи“, влијателни и супериорни сили во меѓусебните односи со другите држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се обидов да фрлам искра во разговорот: Нашиот самоуправен систем беше идеал на водечките француски социјалисти!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веројатно од последниот телефонски разговор со Вашингтон или од некој друг притисок.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последниот голем обид светот да се претстави како суреден систем беше оној на Талкот Парсонс - обид на дезорганизираниот свет да му се наметне некој вид ред, со селекцијата на некои аспекти како нормални а други како ненормални, девијантни, што го нарушуваат моделот и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Клучен елемент на промената на општествено-политичкиот систем беше и преминот од партиска диктатура во (претставничка) демократија, во која ќе се почитуваат човековите права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Токму во име на неговата привидност, разболеност, монструозност, треба да се осмелиме да согледаме колку тој општествен систем беше само обична пројава, заболен израсток, монструозна деформација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Главната основа на неговиот систем беше строгоста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)