Пред очите му се враќаа сликите за сиромаштијата во куќата во која живееше Марија. Нејзината мајка. Нејзините сестри.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Туку пак ќе речам: вие да ја имате на души што ја фрливте сиромаштијата во устата на волкот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потоа истата зеде збор и насекирано расправаше за социјалните слоеви и сиромаштијата во државата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Дури подоцна брезничани ќе откријат дека тој е дојден тука да го инвестира во ди-велопментот на сиромаштијата во Брезница сиот свој ум толку години собиран и печален по Америка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тоа се стори што се стори, туку сега ставајте да се позасолниме во растов, оти агите лесно можат и овдека да нѐ оплескаат со мамзерките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Општата нечистотија, сиромаштијата во која тонеше домот најпосле го направи своето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
За жал, Битола веќе беше еден просто запустен град како последица на општата продлабочувачка сиромаштија во државичево.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)