Земјата се притајувала под нивните крвави стапалки и со некакви чудни и подвижни дамки им претскажувала плитки јами.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговата логика беше ако некогаш во Македонија луѓето од сиромаштија ги спасуваа козите, зошто тоа да не можат да го сторат и во времето на транзицијата, кога земјата доживуваше голема економска криза, кога селата масовно се напуштаа, а боgатите пасишта зараснуваа во рлевел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)