синко (имн.) - мој (прид.)

После тргна два-трипати од цигарата, воздивна и додаде: - Ех, синко мој, бери си го умот!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таму, каде што можете да ги учите луѓето на добро, таму каде што диши народната душа, таму е изворот на сите радости од животот, синко мој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Синко мој, нема подобри услови и подобри времиња, без подобри луѓе, без работа и без саможртва.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Синко мој, на денешен ден татко ти отиде во Америка и мене ме остави млада да црнеам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Направи неколку чекори и како да се присети - тажно, со растреперен глас заврши: - Синко мој, нема љубов таму каде сомнението пали свеќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Знаеш ли ти синко мој, кого си довел во куќава?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Та јас, синко мој, друго и не знам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Сине, синко мој, мило мое, - го зеде чичко Лентен и, веќе не изустувајќи ниеден друг збор, полека, полека како крадец ја шмугна зад врата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)