Јас знам дека и утре Деца на оваа синевина Ќе цицаат од боската на Мајка. Оти конечно Итака е видлива.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)