Нервозата со еден збор произлегуваше од општото сознание што лебдеше во свадбено декорираната синагога во Данциг, дека младоженците безостатно треба да си заминат некаде на друго место.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јехудим (мн.) се нарекуваат Евреите себе си и својот род на хебрејски 5 el caal – молитвен дом, синагога во сефардскиот говор
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Меѓу двете војни се создава и новата дијаспора на битолските Сефарди, на почетокот на векот неговиот El kal de los Monastirlis во Њујорк, во 1928 година битолската синагога во Темуко во Чиле, а во 1932 година битолска синагога, на чело со Хајим Нахмијас, се формира и во самиот свет град Ерусалим. Мислите потоа, му се успокојуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Задоволен е како да го исполнил заветот на татковците од монастирлитската синагога во Њујорк, чувствувајќи дека и со овој настап им се доближува на светлите ликови на монастирлитските рабини. И така, стоејќи блажено на улицата и ведро исправајќи и раздвижувајќи ја здрвената кичма, допушта да го гали пладневното сонце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)