Кога ќе изгубеа пораснат син или ќерка, го проколнуваа Бога што не ги зел нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неколку вдовици сакале веднаш да појдат со расплетени коси и да ги побараат пресните гробови на своите луѓе, да поклечат со наведнати глави и со запалени борини над покојниците, да ги прекорат што ги оставиле самохрани и со нејаки деца, да ги обележат местата со нишан што ќе се памети, еднаш, по некоја година, синовите или браќата или тие самите со кош да ги пренесат коските на мачениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само неколцина, меѓу нив и покајнички смирениот Богоја Гулабарин, останале будни, со нив и тројцата раненици на три двоколки ослободени од лесновските камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури и оној внук на синот или на внукот на зографот од првата половина на деветнаесеттиот век, иако сега издуван, јунак и артилерец во српска или бугарска батерија од балканските војни, седеше под сенка со чанак попара пред себе, давеше муви во реткото млеко и мавтајќи со лажицата пееше со децата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сите на беговата кула беа загрижени и молчеливи.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Три дена нестрпливо стариот татко на Назлам-бег, на чардакот од кулата, чекаше од потерата да му го ослободи младиот син или да донесат некаков абер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)