син (имн.) - единец (имн.)

Во војната ѝ го стрелале синот единец, значи - татенцето имал син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На Ратка Мајка како мајка: и на јаве и на сон севезден ги распетлува јазлите на судбината - тагата ја обликува во скулптура на молкот а сиот вишок светлина му го испраќа на синот единец во туѓина, да му се најде.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Збогум, дечиња, што не можев да ве родам, братчиња што не стигнав да му ги подарам на синот единец, вие ќе ми правите друштво во оваа темнина која ќе ми служи место гроб и каде што простум, и без сон, ќе останам до Судниот ден.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Рена уште порано ѝ се допаѓаше Јаков, кого често го гледаше, онака стасит, со широки рамена и убав лик, постојано завјасан низ сокаците на Ла Калежѐ, сиромашното битолско маало во кое живеа и двете семејства, така што предлогот на татко ѝ да се мажи за синот единец на Шабтај метларот, Рена го прими со искрено одобрување и покрај ниската класа на неговиот занает.  Во брак беа веќе петта година.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дедо, неговата жена, синот единец, а и некои од соседите, на лето, снагата си ја абеле до немајкаде кинејќи го, а потоа и нижејќи го.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во езерото се удавил синот единец на заповедникот на тврдината, па тој, таткото, поштукнат од умот од болка поради несреќно загубениот син, заповедал да се разурне градот а водата да се испушти од езерото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не заѕидувајте ми ги градиве, браќа мои, туку под везенава кошула двете боски оставете ми ги слободни, и секој ден детето носете ми го трипати, в зори, напладне и навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Синот единец во Прага севезден ја слуша „Само дома си е дома“. Ние омлитавени родители во Скопје севезден ја слушаме „Влтава“. Така некако изгледа музиката на двојната тага.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)