Синот се врати со цена, ама јас никогаш тој ситниш не ти го дадов“, рече широкообрзестиот свртувајќи се кон Еда.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Па синот се решил за средината: скришум си земал од грнето на татка си додека тој најпосле не го сетил.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И така, обземен од мајкините и татковите завети, синот се препушта во невидена авантура во непријателски настроената родна земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Баба силно тагуваше оти синот се врати од Истанбул, се чинеше засекогаш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Снаи се лутат, синови се караат, сакаат да се делат.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Кога ги виде двата сина се смири, за неа не беше најважно што ќе речат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Што се смеете, - однекаде Кејтеновиот син се довлечкал под мојата маса, кажи ми, жити мајка, малечок Леме! Лошо ме заколна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)