Природно е, натаму, да очекуваме, системите на писмо со поголем број на графички симболи за изразување на фонетските единици да се стремат да го надополнуваат количеството до наредната критична бројка, доволна за означување на илјадите, т.е. до 36 знаци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
За маниристите на 20-иот век, што лесно може да се покаже со примери од европската литература, фигурата на „државник“ на досегашната европска историја станува симбол за неуспех на човекот во историјата, доколку се мисли дека во историјата дејствуваат „апсолутните“ вредности (во платоновска смисла) на Доброто, Вистинитото и Убавото или, во христијанска смисла, Љубовта. Giuseppe Arcimboldi, Рудолф II okno.mk | Margina #26-28 [1995] 220 Политиката за Балтазар Грасиан, на пример, е „хаос од државни причини“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Писмото со помал број на знаци од критичниот се дополнува до бројката од 27 знаци, при што се допуштаат симболи без фонетска вредност, а карактеристичен пример за тоа е грчкиот алфабет, кој содржи 27 знаци за изразување на бројните вредности со дијакритички знаци за изразување на илјадите. 90 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Е па, одредени јазли на тоа фино ткаење наречено „ментално здравје на народот“ (или полициски: „политичко- безбедносна ситуација“) испогореа во најновиве случувања и доколку брзо, паметно и мудро не пронајдеме „премостувања“, целата чипка (а факт е дека нашето општество и односите на сили во него е прилично пипаво, фино и деликатно) ни отиде по ѓаволите, ќе останеме со она фамозно романско знаме-дупка во рацете (интересен психоаналитичарски симбол за токму конституциски недостатоци), со крпи за бришење пот и превивање рани.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)