сила (имн.) - го (зам.)

Кој те праша тебе, кој ти се плаши? — почна да вика сега татко му и со сила го наседна на столчето баш на кое седеше Адем.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ете, ние кои станавме за да смениме една власт, сега со нашата власт и сила го изгоревме некни олтарот и иконите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто, некој прадедо, пред педесетина години, тој бил производител и трговец на розово масло, враќајќи се дома, пеплосан сиот од бес, застанал пред прагот на собата и со сета сила го фрлил среде посланиот килим шишенцето со розово масло и извикал: - Та мене ли ќе ми кажат дека тоа не е чисто масло!...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси сам ја испи водата и, откако тоа го стори, со сета сила го фрли шишето низ прозорецот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Рада повторно занеме. Силата го напушташе нејзиното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле, со последни сили го минав куќниот праг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Која сила го донела, по кој пат дошол, не можеше да им одговори зашто беше онемел, ниту можеше да ги слушне зашто беше оглувел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се реши она што силите го сакаа... - Ако им се дозволи... - свика командантот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стариот е уплашен и збркан, некоја сила го турка надолу во бездната.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Непреодолива сила го грабна и го завлече под земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сакаше да влезе во кругот и да им каже дека ќе се поправи но силите го издадоа и тој пригушено заплака сам и незабележан во својот заклон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Најпосле некоја невидлива сила го изгонува гневот од Пелагија и таа се наведнува и ги залепува своите усни со усните на Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)