сила (имн.) - е (гл.)

Сила е Таткото, но плени Мајката. – Таа е пред вас! – Не е можно!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ех, сила е овој Јагулче, си прошепоти за себе секретарот Трим Тоска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Која сила е ова што успива!? А сонот, што значеше сонот, Господе мој мил.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Движечката сила е жива, не мирува, наклонета е на придвижување кон неоткриеното, неосознаеното за неа, кон нови активности.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)