сигурност (имн.) - ќе (чест.)

И додека некои од селаните гледајќи ѝ го мевот, се потсмевнуваа и си дошепнуваа, дедо му на Богдан, татко му, мајка му, се радуваа што невестата им доаѓа дома проверена и со сигурност ќе им ја зарадува куќата и ќе им ја продолжи лозата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ние сме неуморни во самодокажување и исто така сме неуморни потрошувачи, секогаш подготвени да претпоставиме дека само ако ја купиме вистинската куќа со градина, вистинската правосмукалка, okno.mk 19 вистинската автоматска врата за гаражата, тогаш со сигурност ќе создадеме дом, “вистински” дом.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само за првите неколку месеци изведе шест такви акции, од кои две со сигурност ќе останат во историјата на домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Биди господар на игра своја, господар на свои чувства и дејанија, кој на крајот од патот во животот свој нема да се запраша дали господар бил, туку со сигурност ќе знае, дека не потпаднал под туѓи влијанија.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)