сигурност (имн.) - не (чест.)

А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како и секаде, така и овде се среќаваа особени и чудни природи за кои никогаш и ништо докрај со некаква сигурност не може да се претпостави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас и сега со сигурност не можам да тврдам кој беше тој црвец што толку многу ги подјаде детските срца, - гладот ли, стравот ли, казните ли, секојдневните понижувања, студот ли, можеби оценката за карактеристика, можеби стројот и тој проклет ѕид, а можеби сѐ заедно, но од сето тоа едно беше јасно како ден, - потскажувањето, кукавичлакот и злобата почнаа да цутат во домот како ран компир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)