сигурност (имн.) - дека (сврз.)

Ама да му говори со таква сигурност за Попставревци, кои беа прочуени со своето богатство и име не само во Ресен, туку и во Битола и Солун, да му говори со сигурност дека тие ќе му ја дадат ќерката за жена, тоа никако не му влегуваше в глава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти ја подаруваат неговата марка, и сигурноста дека таа марка е подобра од другите, ти ја подаруваат особината својот часовник да го споредуваш со другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Околу него не постоеше ништо. Сѐ беше само смрзната сегашност, суров закон, недвосмислена сигурност дека е грч со разлокани зглобови и дека по вторпат се лизга низ воздухот кон една бездна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Изгледаат загрижени за коренот на колективното како за пациент со вртоглавица - безделнично го следат секое негово движење, со сигурност дека тој нема да побесни и да ги избрка набљудувачите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Си го мириса потеклото а тоа му создава сигурност дека ќе расне и ќе биде она што сум јас.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полесно е само поради таа сигурност дека сакаш и си сакан.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Аналогно на ова и финансиските средства во случајот на редовен работен однос се постабилни и постои поголема сигурност дека истите тие вработеното лице ќе ги прима подолг период отколку тој што е хонорарно ангажиран.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ревносните воени хроничари бележат со сигурност дека Лакхдар, претходејќи им на сините шлемови, со сигурност има заслуги во спасувањето на животите и домовите на милиони луѓе во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лакхдар беше и остана дипломатот кој одеше по граничната линија меѓу животот и смртта на многу од 217-те народи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што му се фрлив во босите нозе, се заниша и се струполи на плеќи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бев свесен дека е посилен од мене, ама тој час ми дојде некаква чудна сила и сигурност дека ќе го победам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На детето треба да му се даде што е можно повеќе љубов и тоа да му го покажеш, за да добие сигурност дека е сакано на овој свет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)