сигурност (имн.) - знае (гл.)

Со сигурност знам дека кон македонските националисти се придружија и македонските револуционери Димитар Мирасчиев, војводата, и четникот Јордан Ангелов.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со сигурност знам дека е кртица за работа, со него знај никогаш не ќе останеш гладна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој со сигурност знае дека мора да ја има за себе целата, до последно делче, за да го склопи мозаикот на нејзиниот портрет врз измачувачки белото платно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа со сигурност знае дека мора да го склопи неговиот таинствен портрет на темниот фон на својата душа за да може да го има за себе целиот, до последното делче.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзината тајна му бега под прстите. Неговото лице ѝ бега од погледот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во секој случај, додека јас не знаев дали нешто видов или не, со сигурност знам дека таму некаде отаде каде што се појави онаа толпа народ со извици, транспаренти и знамиња закркореа машинки и митралези...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На пример, со сигурност знаев дека немам талент да бришам садови со крпа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тогаш ние со сигурност знаевме дека ќе се пукаат пуканки и заборававме на огнот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дали воопшто има такви луѓе, кои со сигурност знаат дека се среќни?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но затоа пак со сигурност знам дека се далеку од времето кога благодарејќи на искуството ќе станат барем за мене самиот обврзувачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Моите размисли, во ова сум уверен, се уште се само трагачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Кејтеновиот син не признаваше, рече: - Никогаш не сум крадел, - одговори, - нишнувајќи ја главата нагоре, на свој начин и јас со сигурност знаев дека никогаш не крадел и нема да се обиде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)