сеќавање (имн.) - на (предл.)

Еве и сега ми станува од сеќавањето на тоа. Мислам, ми се чини.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа е толку нестварно што секавичните сеќавања на тие мигови ме прават да доживувам срам од самиот себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наспроти калифорнискиот Дизниленд на овосветовната радост, ова е дом на знаците, сенките и сеќавањата на еден непостоен, бивш живот кој стега во грлото и пече на работ од очите.  Самуел Ароести гледа преку оградата на Монополот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Под неговата зашеметувачка светлина ги распаруваа стомаците на розовите риби од езерото, донесени да се изедат тука, како сеќавање на првите христијански симболи, тие далечни риби пред да се покаже крстот, тие анадолски агонии на одминатите векови сега беа само одѕвони на далечните спомени.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Одломка сме од она и вечно и бесконечно мало кое само по себе го изгубило сеќавањето на себеси и сега секој саме си ја пееме песната која уште никој не ја испеал и никој не ја чул.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега син му сакал нејќел ќе се отсрами и сам ќе оди во народната кујна. Пеша, со парчосани сеќавања на татка си.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сетики со насмевка - таа е кратка како молња, но сеќавањето на неа е неминливо.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Жеравите беа драг спомен, убаво сеќавање на смирените предзимски ноќи в село, кога децата со нетрпение го очекуваа снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше и сеќавање на нивната прва средба и клуч од вратата на нивниот рај.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не толку за да се одморат по долгиот и напорен пат, туку колку за да ги освежат сеќавањата на легендата врзана за него а која се однесува на Руса Јанческа и на Јована Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сеќавањето на една слика, што ја видела во една ботаничка книга, како една змија маѓепсува верверица, ѝ го засили сомнежот дека тоа не е железна или глазирана порцеланска змија, туку вистинска змија што се обидува да ја употреби својата натприродна моќ врз неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така човекот, имајќи ги тие претстави, е заштитен во два правца: заштитен е од опасностите на природата и судбината, и од повредите кои му ги нанесува човечкото општество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со усилбите на Русија тоа недоносче закрепна малку, но при првото осеќавање на своите сили најавува претензии за самостојна политика – извор на несреќи за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ е смрт, сѐ е смрт, мислел со сеќавање на суштество над чија крв веќе управувала судбината на возрасен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ти е жал за мене, земи копач откопај ме!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата останале во сеќавањето на луѓето и во ноќните прикаски како набожни проказници од нова балканска Библија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арно ама, времето, војните и селаните од околината, сакајќи да ги потпрат ѕидовите од своите имоти, ја разурнале камен по камен, па сеќавањето на кулата се чува само во приказните...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Верувајте ми, Филипе, она што ни недостасува, тоа е природноста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
(Ibid.,стр. 15): „Бидејќи поимот за јако не би можел да се конципира, освен во спротивставување со слабо, тогаш зборот кој кажува „јако“ содржи, едновремено, сеќавање на „слабо“, благодарение на што поимот токму почнува да постои.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стануваше збор за Изнесување. Преведено на световен јазик, тоа означува сеќавање на покојникот заради негово обожување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби ќе успее да ја извлече од сеќавањето на г. Черингтон со некој соодветен поттик.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Датумот се беше задржал во сеќавањето на Винстон затоа што тој ден случајно беше Иванден; но целата приказна мора да е забележана и на безброј други места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа сеќавањето на нејзиното лице му се врати, а заедно со него и вознемирувачката, неподнослива желба да биде сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа во Винстон предизвика извесно матно сеќавање на нешто видено многу одамна на еден ѕид или на огласно пано - едно големо шише направено од електрични сијалици кое како да се наведнува и исправа, истурајќи ја својата содржина во една чаша.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Телекранот - можеби за да ја прослави победата, или за да го забошоти сеќавањето на загубената чоколада - удри во „ Океанијо, ова е за тебе“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И кога во еден миг на длабока возбуда на стариот Рацинов дом, по десетина години, се зададоа и ме обзедоа од длабините на моето битие, сеќавањето на тетовската разделба со Рацина и доживувањето на неговата смрт, ги напишав во еден здив, во треската на збиднувањето, стиховите што останаа меѓу моите ракописи половина столетие, до денес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ваквото чувствување и ваквиот поетески пристап во дамнешните стихови својот корен, како што истакнав веќе, го имаа во мојата младост, при мојата прва средба со Рацин и сеќавањето на неа.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
13. Во мракот падна уште една ноќ Во самотноста на глувото време што го обвива истечува семето на светот Ни деца ни внуци Само здивот и дланките негови оставиле траги од невени во иловицата на стиховите Отсутноста негова зборува дека дури се денат деновите во пазувите на ноќта тој постои И земјата што заоѓа во темнината подгонета од стожерот свој местото си го наоѓа пак во светлоста на вселената своја И да се развее песната негова како лисјето како песокот катот ќе си го најде во луѓето како водата како ветерот И колку страдалничко да е сеќавањето на гибелта ќе зборува за животот еден и в смртта кога во мраката ноќна огреваа сртовите низ една болка болка
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На залезот од животот на Татко, најстариот брат, не без тага во душата, му беше рекол дека е време, според неговото сеќавање, според сеќавањето на Мајка, да ги состават семејните стебла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најлошо беше тоа што при секое сеќавање на сонот наместо да се сеќава на подробности и да го исцели како што планираше, нејзе од сеќавањето ѝ бегаа нови детали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сеќавањето на татковите книги го означуваше нашето патување и во животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кратката содржина на спомнатава приказна ја излагаме врз основа на избледеното сеќавање на кукушанецот Бојаџијата, близок пријател на Ѓошо Савев, еден од преживеаните комити од придружбата на грабнатата мисионерка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А замислете, станува збор за државен подарок. Сеќавање на моите добри односи со врхушката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го оживувам сеќавањето на секоја приказна од мојот живот без вина и каење, зошто нема за што да се жали, на крајот ќе ни биде мило што излегло како што е, тоа е вистината вредна за раскажување, јас сум единствен сведок на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Природата ја преточи љубовта во прекрасна мелодија, арија на страстите и чувствата, возвишени ноти кои можат да ги слушнат само оние кои слушаат со срцето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)