Сеќавањето може да започне како Книга – таму каде што најхаотичниот ден и најкревкиот сон спонтано се гнездат.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сеќавањето може да започне како допир: со парчето железна ограда, фрлено на тротоарот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сеќавањето може да започне како бајка: некогаш, во еден град, на број шест на калдрмираното, слепо сокаче, зад свежо бојадисаната зелена, дрвена порта, во двокатна куќа окружена со расцутени дрвја, живееше мајсторот сајџија, почитуван од целата чаршија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)