сестра (имн.) - на (предл.)

Елза Триоле, сестрата на Лили Брик, онаа поради која Мајаковски од облаците си направи панталони, била позната европска интелектуалка, всушност, типична муза.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На самата асоцијација наследство во ист миг светнаа очите на трите жени: мајката, снаата и сестрата на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стројната Рада со секој чекор ја истакнуваше својата женственост која, за чудо, ја беше наследила од својата тетка, сестрата на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакав и да се скараат со сестрата на мојата мајка, па каква и да е таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сестрата на мајка ми, нашата тетка, остана со нас неколку дена, но, мораше да си оди, бидејќи живееше во друг град.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Затоа и вечерата ја приреди кај гајдаџијата Веско чија што жена ѝ беше сестра на Цара и која ја викна да ѝ помогне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури и во очите на двете омажени сестри на Даниел, во кои на почетокот откри студени критички погледи и процени за нејзината вредност, сега почна да гледа топлина и симпатија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никогаш не дознав зошто мајката и сестрата на Земанек живееја на другиот крај, во друго предградие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека младите турски јунаци шетаа пред неговиот дуќан со кренат нос - и да им падне, велеше народот, немаше да се наведнат да си го земат - носејќи на главите од црвена саја-чоја самурови или кожени калпаци, тој се смешкаше, зашто знаеше дека не само што не е подолу од нив, туку и дека нивната напрченост е само несигурна сестра на суетата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Штираквици! — Тие му се сестри на ѓаволот, вели Наталија, и од нив се крие и сонцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во 1948 година умре тетка ми Ванка, сестра на татко ми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На мањатскиот мост сретнавме една група жени од селото, а меѓу нив и една тетка моја, сестра на татка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му кажуваа дека е тука и Добра, сестрата на Пелагија, со малечката, мајката на Ангелина, Тина Гледачката, која сѐ уште е избегана малку... оти видела цела чета глувци како излегуваат од нивната бишка, а за Ангелина, велеа, не знаеме ништо, само се надеваа дека и таа ќе приправи, што ќе прави ваму сама, телото се исушува како слива и после оти саде коска ја фрлаат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги отворив очите. Беше наведната над мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајката Роса, сега, поослободена, се расприкажа. Таа, а и Деспина, и уште другите трички, се согласиле дека не може да има армасување без тетка Пелагија, а инаку, армасот ќе се случи во најтесниот круг, само со уште двете сестри на Роса и нивните деца.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела спрета и се измолкна од нејзите раце и заедно со помалите сестри на Деспина заминаа на кај песната.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури на прашањето од свети Ксавиер, врагот само се усмевна, не удостојувајќи го со одговор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)