сестра (имн.) - му (зам.)

Таму беше сестра му Руша. Гоце ја праша: - Руша, дома ли е тате?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Место да се врати, Драге ѝ пишал на Верка, со која се сакале пред да замине од Маказар, да оди во куќата кај мајка му и кај сестра му и да биде снаа. Таа така направила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Почнав да свиркам, но на прозорецот излезе сестра му и почна да ми ниша со прст.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но сега Коле е редовен. Не изостанува, зашто мајка му веќе не оди по полето: работи по куќи, а со себе ја води и сестра му.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„А требаше да си е дома”, очајно помисли мајка му, „Да го загрее задникот над книгата”, гневно помисли татко му, „Го чекаат матурски испити”, завидливо забележа сестра му.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие, значи, мајка му и сестра му се најале а за него не оставиле ништо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А каде се мајка му и сестра му?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Знаеше дека татко му отишол рано на работа, но каде се мајка му и сестра му?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- И тебе што ти рече? - го запраша сега и сестра му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Значи, мајка му и сестра му отишле на пазар.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Агентот го водеше за рака и го прашуваше за сестра му?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Генералстап, Генерал-ѓеврек, скокна синчето на инспекторот и потрча. подавајќи ја низ тантелената завеса малата како од порцелан направена глава, сестра му запеа по него: - Бато, врати се.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек живееше во една распадната куќарка во предградието, останата од дедо му по мајка; живееше сам таму, без мајка му и сестра му.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога Перон по победата на изборите ја презема власта, Борхес го преместуваат од библиотека и го поставаат за инспектор за живинарство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Станува збор за одмазда на Перон затоа што Борхес со група интелектуалци беше потпишал неколку антиперонистички прогласи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ја одбива новата работа и се издржува од јавни предавања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поради спротивставување на перонистичката политика, мајка му е осудена на домашен притвор, а сестра му е уапсена. 1946.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, А пак Силјан ќев имаше пазарџибашија да бидит; да беше кабил катаден да ојт на Прилеп на пазар, да купуат вино и ракија и друзи слатки работи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му домачне за сестра му Анѓа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека беше малав, доста беше палав; бесот и лутината ги истураше на сестри му, кои, иако беа поголеми од него, се плашеа и му подбегнуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По една недела од договорот во паркот зад стадионот, Томо со своето семејство, татко му, мајка му и сестра му седеа на празната трпеза во домот на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше Прочка. Никодин со Светлана беше заминал кај сестра му за празникот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и тоа трае само за миг, всушност, како непосредно пред мојата порта да се отвора дворот на мојот болен пациент, веќе стигнав таму; коњите стојат мирно; снегот престана да паѓа, околу мене месечевата светлина; родителите на болниот итаат низ куќата; сестра му по нив; речиси ме креваат од колата; од нивните збркани зборови не можам ништо да разберам; во собата на болниот воздухот одвај може да се дише.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
После затрудне сестра му од некој коњички поднаредник а тој во богословијата ја остреше својата кама и се колнеше дека ќе го убие тој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Петар беше облечен во најубавиот костум и шешир на главата што му ги имаше сошиено сестра му и дојде така дотеран и ненајавен во главниот дуќан на Таки Мумиџијата, во битолската чаршија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сестра му Кефсер се омажи многу млада, на седумнаесет години, и неколку месеци по свадбата со сопругот Гани замина во Швајцарија, во Луцерн.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нешто во тоа движење му кажа дека сестра му е на умирање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше да се сети што се случи, но знаеше во сонот дека на некој начин животите на мајка му и на сестра му беа жртвувани за неговиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ништо не недостасуваше од собата, освен мајка му и сестра му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сестра му, сфаќајќи дека нешто ѝ е одземено, почна жално да цимоли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На крајот, мајка му открши три четвртини од чоколадата и му го даде на Винстон, а едната четвртина на сестра му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас не само што никогаш нема да отидам кај сестра му на Ревшин, но воопшто одовде нема да се помрднам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ене, да се увериш. Ене, Крчо каде си и носи парталите кај сестра му. — И се разнесе едно танко — „аха ха иии ихи!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбра зошто Крчо седи кај сестра му и скоро сето село застана на негова страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првите дни Крчо се надиши слободен воздух, се најаде слободен леб, се напи слободен вода; та дури така се распеа, да се зачуди попот, и сестра му, и целото маало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но веднаш се сети дека е одврзан од Анѓа и се окуражи. My излезе пред очи сестра му на Стојана, Неда, и сети потреба од нивното старо пријателство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко му си е доволен, сестра му — такуѓере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И толку си достоја на збор, што целата година навистина не се врати, За преслекување секоја недела си одеа тукашните деца дома, а на Крсте мораше сестра му да му носи алиштенца и да му ги зема непраните за перење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека беше сестра му кај нив, тој ништо од Анѓа не сакаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас, каков што ме дал Господ, бев готов да се спротивставам во Комитетот против начинот на кој работеше Сврделот, ама не можев да се решам зашто јас бев, да си признавам, помамен по сестра му Гала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А јас бев задоволен заради можноста да ја гледам сестра му Гала дома, во домашна облека...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш се случи тој срамотилакот со сестра му на Еда, со Гала, зашто дома кај нив се смести еден германски офицер, еден убавец друг да го нема таков, очите на жените им истекоа по него и таа, Гала, се сплетка со него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Благодарение на врската со Сврделот, јас имав можност да влезам во неговата куќа и да си ја одржувам надежта да ѝ се приближам на Гала, на сестра му, која веќе беше точка на дневен редна еден од состаноците на Комитетот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бидејќи сестра му од Силјана била свршена, си седела во двор на ругузина и си низала едно ѓерданче од стари рупчиња.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
За четвртата оксфордширска градина пишувам по повратокот во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вечерта по погребот, спепелената мајка ги наоѓа мојот татко и сестра му со усти преполни диво цвеќе, и цвеќе украдено од градината.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш, тој штом разбрал што станало со сестра му, нарамил пушка и комита станал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На сестра му постојано ѝ крадеше пари, ги наоѓаше па било каде таа да ги скриеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Знаеше дека сестра му има пари, но никако не можеше да дојде до нив: испретури сè низ куќата, сè каде што претпоставуваше дека ги крие, но не можеше да ги најде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тој не врескаше „ууууууууууууу“ како сестра му, туку „аааеееееааеееее“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа доминантно зборување веќе го чувствуваше кај сестра му, иако беше цели шест години помала од него.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Отспротива е регалот, преграден дел - половина за облека откај неговата страна, а половина откај сестра му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На крајот од тоа село живеела сестра му и таму на вратата паднал замрзнат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа сестра му постепено го одмрзнувала со вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа беше за време на еден викенд во Маврово, кога сите освен брат ми и Неда, сестра му на Огне, заминавме во Скопје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бато вели дека ќе се вика „Јас, Бреза, сестра му на момчето Молња”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Леле, смешки! – викна Борче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму имаа резервирано приколка со Гоки (сестра му), Дени и нивниот мал Стојанче, Столе, или Столац, сеедно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа и Ведан се на факултет и останаа да спремаат испити.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу сакав да одам со нив, оти веќе сме летувале заедно во тој состав во Маврово и ептен убаво сме си поминувале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)