Трето: сакаше да ја скрие својата сенка зад едно буре пред зградата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Со право можеа да ѝ префрлат дека е обична воајерка ако ја забележеа во сенката зад пердето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На пламенот, корен е на својата сенка зад себе, и згрбавен е, таинствено намален и безобличен, додека не истинува од земјата како што и таа не се топли под него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го сврти погледот кон влезната врата која не беше најдобро осветлена и дури тогаш успеа да забележи две- три сенки зад стаклото што токму во тој момент се раздвижија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се обидов да станам. Долго, со напрегање на бубачка, се отплеткував од волнената тежина на покривката и веќе седев кога девојката се сврте на петици, ги стисна дланките на гради и остана загледана во мене или во сенката зад мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак истото ја прашав од збор до збор и пак таа остана во тесната рамка на прозорецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)