Во темелот на моето самување Заѕидана сенка го претскажува светот Поинаков од илузијата Што ме создаваше мене Свет во Светот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Сонцето е во тој момент прикриено зад едно мало облаче, тиха сенка го милува дворот, претчувство на онаа сенка што ќе ја шири крушата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Прозорците затворени, дрвјата во дворот исчезнале низ времето И само едно без сенка го нишаат ветришта есени: Под него стои еден згниен тланик на кој се нафатил лишај
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Црна, голема сенка го затвараше влезот на колибата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Наоколу сѐ брзо се измени - сенките го покрија и последното парче на сончевата светлост, земјата се заниша и стана мека постела, од далеку допре благ мирис на сено.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На платото сенишно Јас и твојата сенка го густираме кафето.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Е, но на топката не е нацртано моето куче Роско и јас сега не знам каде е тоа - во Америка, во Индија, или во некоја улица на градот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Направија еден голем црн облак кој со својата сенка го покри речиси целиот град.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)