Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Некои велат дека господинот Сенка живее длабоко под земја, движејќи се низ еден систем од специјално изградени засолништа („внатрешноста на Земјината топка е како швајцарско сирење за тој монструозен глушец - крал на дупките!“); други одмавнуваат со главите и велат: „Глупости, дури и нему му треба светлина!“
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)